January 5, 2025 | | Свет
Најголемото дерби во англискиот фудбал заврши нерешено 2:2, а посебно внимание привлекоа грешките на Трент Александар Арнолд. Рој Кин, во својот препознатлив стил, на Sky Spirts го критикуваше играчот на „црвените“, наведувајќи дека неговото место би било во тим од Лига 2. „Трент Александар Арнолд треба да се надева дека Реал Мадрид не го гледа ова, подобро за него“, изјави Кин саркастично. Наводно, шпанскиот гигант Реал Мадрид покажува интерес за него, но по овој натпревар прашање е дали ќе останат на тој став. „Зборуваме за тоа колку е брилијантен Трент, а тој брани како ученик. По начинот на кој бранеше може да оди во Транмере Роверс“, додаде Кин. Интересно, самиот клуб Транмере Роверс на шеговит начин реагираше на социјалните мрежи: „Трент во Транмере, Рој? Не, добри сме“, напишаа тие.
❔ Trent to Tranmere, Roy? Nah, we're alright thanks.#TRFC #SWA pic.twitter.com/fQ6bgvUcDE
— Tranmere Rovers FC (@TranmereRovers) January 5, 2025
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |