Мурињо се испокара со новинарот: „Од што се плашите“? (ВИДЕО)

January 6, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Мурињо се испокара со новинарот: „Од што се плашите“? (ВИДЕО)

Португалскиот тренер Жозе Мурињо предизвика сцена во недела вечерта, по победата на неговиот Фенербахче против Хатајспор со 2:1. Тој не само што го напушти разговорот со новинарите, туку влезе и во жестока расправија со еден од нив поради прашање што го сметаше за провокација. Причината за гневот беше коментарот. „Оваа победа ви овозможува да останете на осум бодови зад лидерот Галатасарај“, рече тој. Тоа ја предизвика реакцијата на Мурињо, кој се обрати налутено. „Зошто се плашите да ја кажете вистината? Од што се плашите во оваа земја?“, врати Мурињо. Неговите зборови очигледно алудираа на наводна пристрасност на судиите во корист на Галатасарај. По оваа изјава, Мурињо брзо ја напушти микс зоната.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.