January 6, 2025 | | Свет
Капитенот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк, изрази разочарување поради ремито со Манчестер Јунајтед, истакнувајќи дека неговиот тим лесно можел да остане и без бод од овој дуел. На синоќешниот натпревар на „Енфилд“, Ливерпул и Манчестер Јунајтед одиграа неизвесен меч. Гостите поведоа преку Мартинез на стартот од второто полувреме, домаќините возвратија со головите на Гакпо и Салах за пресврт на 2-1, а Диало на крајот израмни на 2-2. Во завршните моменти, двата тима имаа можности за победа, а последната голема шанса ја имаше Манчестер Јунајтед, кога Мегваер промаши во 97-та минута. „Ако сме реални, можевме и полошо да поминеме. На крајот, тие имаа огромна шанса, па можеше да биде и пораз. Секако, не е лесно да се прифати дека испуштивме бодови дома, но мора да го прифатиме резултатот и да се фокусираме на следните натпревари“, вели Ван Дајк. Тој додаде дека требало подобро да го контролираат натпреварот кога повеле со 2-1. „Кога поведовме со 2-1, требаше подобро да го контролираме натпреварот. Наместо тоа, губевме топки премногу лесно и дозволивме противникот да има повеќе посед од тоа што требаше. Сè уште сме во процес на учење. Не сме совршени, но од секој натпревар мораме да извлекуваме поуки“, додаде тој.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |