January 6, 2025 | | Свет
Барселона продолжува да се бори со финансиските предизвици, кои сè уште ги спречуваат да ги регистрираат Пау Виктор и Дани Олмо. Затоа, клубот сега се насочува кон играчи кои наскоро ќе останат слободни агенти. Шпанските медиуми објавуваат дека клубот разгледува четворица потенцијални засилувања што би можеле да пристигнат бесплатно на лето. Станува збор за двајца играчи од Баерн – Џошуа Кимих и Лерој Сане, како и за Хјун Мин Сон од Тотенхем и Џонатан Та од Баер Леверкузен. Според истите извори, трансферот на дефанзивецот на Леверкузен, Џонатан Та, е речиси договорен, бидејќи играчот веќе постигнал договор за личните услови. Официјална потврда се очекува наскоро. Од друга страна, тренерот Ханси Флик побарал од раководството на Барселона да ангажира и напаѓач, кој ќе може во иднина да го замени Левандовски во тимот.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |