Леао влезе и го „растури“ Интер: Милан е освојувач на Суперкупот! (ВИДЕО)

January 6, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Леао влезе и го „растури“ Интер: Милан е освојувач на Суперкупот! (ВИДЕО)

Милан оствари херојска победа против Интер и го освои италијанскиот Суперкуп. Дефинитивно човекот од одлука беше Рафаел Леао кој влезе во вториот дел и буквално го „растури“ Интер. Пред самиот крај на првиот дел Лаутаро Мартинез му донесе водство на Интер, па на полувреме се замина со еден гол. Само што почна второто полувреме, уште еден шок за Милан каде стрелец беше Тареми во 47. минута. Во 50. минута Консеисао реши да го внезе Леао во игра и со тоа се промени натпреварот. Португалецот изнуди слободен удар само што влезе во игра и од истото Тео Ернандез успеа да погоди и да го врати Милан во игра. Интер промаши неколку огромни шанси, па како по правило стигна и казната. Во 80. минута Пулишиќ комплетно го врати Милан во игра, а му намести токму Ернандез. И кога сите мислеа дека ќе се гледаат пенали, следуваше нов шок за Интер. Во 93. минута Рафаел Леао повторно се прошета низ одбраната, а во шеснаесетникот спремен беше Тејми Абрахам за да погоди и да му донесе титула на Милан.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.