Легендата на Челси призна: Навивав за Арсенал

January 7, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Легендата на Челси призна: Навивав за Арсенал

Како и многумина фудбалери, така и Еден Азар како дете го обожавал еден клуб, а подоцна остварил голема кариера во друг. Познатиот белгиски фудбалер, кој седум сезони го носеше дресот на Челзи и беше еден од најдобрите играчи во Премиер лигата и Европа, неодамна откри интересен детал од своето детство. Имено, Азар признал дека како мал бил голем навивач на градскиот ривал на Челси, Арсенал. „Кога бев дете, најмногу ја следев француската репрезентација. Моите идоли беа Зинедин Зидан и Тиери Анри. Искрено, ми е тешко да го признаам ова со оглед на мојот период во Челзи, но го сакав Арсенал во тоа време. Тие имаа фантастични играчи како Роберт Пирес, Силвијан Вилторд и Патрик Виеира. Француските играчи беа мојата инспирација додека растев“, изјави Азар. Интересно е што Азар постигна седум гола против Арсенал во дресот на Челзи, четири од нив во Премиер лигата. Најнезаборавни му се двата гола во финалето на Лига Европа во 2019 година во Баку, кога Челзи го совлада Арсенал со 4:1. Како играч на Челзи, Азар освои шест трофеи, меѓу кои две титули во Премиер лигата (2015 и 2017 година). Покрај тоа, во 2015 година беше прогласен за најдобар фудбалер во англиската Премиер лига.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.