Родри откри кога ќе се врати на теренот

January 7, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Родри откри кога ќе се врати на теренот

Родри објави позитивни вести за своето закрепнување и можниот камбек оваа сезона. На прашањето за враќањето на теренот оваа сезона, најдобриот играч на светот одговори: „Да, дефинитивно! Се познавам добро, брзо се опоравувам и секогаш размислувам позитивно. Досега сè оди одлично, и физички и психички. Работам напорно за што поскоро да се вратам“, изјави Родри. Според сегашниот план, Родри би можел да биде подготвен за настап на завршницата од Лигата на нации или на Светското клупско првенство во јули.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.