Уште еден италијански гигант го сака Елмас

January 7, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Уште еден италијански гигант го сака Елмас

Елиф Елмас, македонскиот репрезентативец, наскоро би можел да ги напушти редовите на Лајпциг и да се пресели во тимот на Лацио. Во минатото, Елмас беше важен дел од Наполи, пред да се приклучи на бундеслигашот Лајпциг на почетокот на 2024 година. Сепак, во германскиот клуб не успеа да се истакне, поради што се шпекулира дека сака да се врати во калчолигата. Лацио, поранешниот тим на Горан Пандев, планира да испрати понуда за шестмесечна позајмица на Елмас, а се очекува истата да биде прифатена од Лајпциг. Во текот на својата кариера, Елмас играше за Работнички, Фенербахче, Наполи и Лајпциг.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.