January 7, 2025 | | Македонија
Детонит Плачковица кој во моментов се наоѓа на петтата позиција во Втората фудбалска лига ги потврди првите засилувања во овој преоден рок. Станува збор за Јовица Радевски и Филип Димоски. Радевски претходно настапуваше за Брегалница од Штип. Одбранбениот играч во својата кариера има настапувано и за Беса, Кадино, Саса и Детонит чиј дрес ќе го носи по втор пат. Димоски пак ги покрива сите позиции во нападот. Тој дојде од редовите на Охрид. Претходно има настапувано и за Победа, Детонит Плачковица, Каменица Саса, Питу Гули, Вардар Неготино, Осогово и 11-ти Октомври.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |