January 7, 2025 | | Свет
Винисиус Жуниор и наредното лето ќе биде клучна мета на Ал-Ахли во текот на летниот трансфер период, објави The Athletic. Саудискиот клуб во декември 2024 година ги започнал разговори со агентите на играчот. Дополнително, уште во август претходната година претставници на Ал-Ахли имале средба со Винисиус Жуниор во Лондон. Тогаш, Бразилецот ја одбил неверојатната понуда од една милијарда евра, оценувајќи дека не е вистинскиот момент за разделба со Реал Мадрид. Откако Винисиус ја одбил огромната понуда, сепак било договорено дека двете страни наредното лето повторно ќе седнат и ќе преговараат. Исто така по завршувањето на актуелната сезона, Реал Мадрид планира да му понуди продолжување на соработката. Договорот на 24-годишниот напаѓач со „кралевите“ трае до летото 2027 година.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |