Димитриевски не прими гол, Валенсија е во осминафиналето на Купот (ВИДЕО)

January 7, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Димитриевски не прими гол, Валенсија е во осминафиналето на Купот (ВИДЕО)

Валенсија избори пласман во следната фаза од Купот на Шпанија со победа од 2-0 на гостувањето кај Елденсе. Македонскиот голман Столе Димитриевски, кој го бранеше голот на Валенсија, успеа да ја сочува својата мрежа чиста, но доби жолт картон за задржување на времето. Тимот од Ла Лига го отвори резултатот преку Канос во деветтата минута, а Лопез во 39. минута ја потврди победата со вториот гол, поставувајќи го конечниот резултат уште во првото полувреме.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.