January 8, 2025 | | Македонија
Шкендија потврди дека се разделува со Валон Ахмеди, кој го завршува својот втор мандат во клубот од Тетово. Ахмеди пристигна во Шкендија од Шахтјор Солигорск во текот на летото, а претходно го носеше дресот на тетовскиот клуб од 2020 до 2021 година. Во актуелната сезона, тој важеше за еден од најважните фудбалери и во есенскиот дел од сезоната собра 13 настапи. Заминувањето на Ахмеди е изненадување, а засега не е познато каде ќе ја продолжи кариерата.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |