Еве што му рекол Столе на Винисиус пред пеналот за Реал (ВИДЕО)

January 8, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Еве што му рекол Столе на Винисиус пред пеналот за Реал (ВИДЕО)

Столе Димитриевски се најде во фокусот на вниманието на 10 минути пред крајот на дербито меѓу Валенсија и Реал Мадрид, кога иницираше дуел со Винисиус Жуниор. Инцидентот се случи поради лошото однесување на Бразилецот, кој на крајот заработи црвен картон. По тој инцидент, дисциплинската комисија реши да му додели суспензија од два натпревари на Винисиус, а Шпанците откриле и една конверзација која се случила меѓу Столе и Вини од почетокот на вториот дел на мечот. Во меѓувреме, Реал Мадрид доби пенал по стартот на Тарега над Мбапе, при што Винисиус прв ја зема топката, но на крајот ударот го изведе Џуд Белингам. Според програмата на „Ел Чирингито“, Столе се обидел да го деконцентрира Вини, му порачал: "Ти ќе шутираш, или не? Не се осмелуваш да шутираш...". По овие зборови, Винисиус ја предал топката на Џуд, а ударот на Белингам од 11 метри заврши во дирекот на голот кој го бранише Димитриевски. Овој инцидент го предизвика и предвременото излегување на Винисиус од теренот, кој заврши на туширање 25 минути подоцна.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.