January 9, 2025 | | Свет
Англискиот стратег Грем Потер ќе го предводи Вест Хем во продолжение на сезоната, заменувајќи го Хулен Лопетеги, кој не ги исполни очекувањата. Потер доаѓа на „Лондонскиот стадион“ откако од април 2023 година беше без работа. До тогаш беше тренер на Челси, но не постигна значајни резултати на „Стенфорд Бриџ“. Претходно, неговите успешни моменти ги има во Брајтон, Свонси и шведскиот Естерсунд. „Вест Хем со задоволство може да му каже добредојде на Грем Потер како нов тренер на првиот тим“, се вели во клупското сопштение. Потер ги договори сите услови со раководството на „Чеканите“ и ќе потпише договор на две и пол години. Тој ќе соработува со Нарсис Пелах, Били Рид и Бруно Салтор како дел од неговиот стручен тим. Новиот тренер на Вест Хем ќе има можност да дебитира веќе во петок, во натпреварот против Астон Вила во рамките на ФА Купот.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |