Јувентус сериозно загриза по Араухо: Целта е набрзина да се заврши трансферот

January 9, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Јувентус сериозно загриза по Араухо: Целта е набрзина да се заврши трансферот

Според информациите на новинарот Фабрицио Романо, Јувентус инсистира да го ангажира Роналд Араухо каде наскоро ќе се остварат нови разговори за да може наскоро трансферот да биде реализиран. Барселона и Јувентус преговараат за позајмица, при што торинскиот клуб на крајот од оваа сезона ќе има право да го откупи договорот на дефанзивецот. Араухо е обврзан кон Барса до 2026 година, но проблемите околу продолжувањето на договорот можат да доведат до оваа разделба. Уругвајскиот репрезентативец беше долго време повреден и неодамна се врати во тимот, но по завршувањето на Суперкупот на Шпанија, се чини дека ќе се спакува и ќе замине во Италија.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.