Дориан Бабунски потпиша за Сепси!

January 9, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Дориан Бабунски потпиша за Сепси!

Дориан Бабунски, повремениот македонски репрезентативец, брзо по заминувањето од Грасхоперс, потпиша со нов клуб – романскиот Сепси. Македонскиот напаѓач стави потпис на договор со клубот од Романија на две ипол години. „Сепси ОСК го засили својот состав со нов напаѓач, Дориан Бабунски. 24-годишниот играч се обврза на договор со нашиот клуб во трајност од две ипол години“, се наведува во соопштението на клубот. Сепси се наоѓа на седмото место во најдобрата лига на Романија.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.