January 9, 2025 | | Свет
Сити го известил Ајнтрахт Франкфурт дека сака да го ангажира Омар Мармуш уште овој месец. Овој потег на „граѓаните“ доаѓа откако фудбалерот има одлична сезона, со 13 погодоци и 7 асистенции во Бундеслигата, или вкупно 18 погодоци и 11 асистенции во сите натпреварувања. Иако првично се говореше дека Ливерпул го сакаше како наследник на Мохамед Салах, во последно време Манчестер Сити силно притиска за ангажман. Заради големиот интерес, цената на Мармуш драстично порасна и „орлите“ бараат 80 милиони евра за да го продадат. Од друга страна, Манчестер Сити смета дека реалната проценка на фудбалерот е околу 50-60 милиони евра.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |