Милан има еден голем услов за да го потпише Рашфорд

January 9, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Милан има еден голем услов за да го потпише Рашфорд

Милан и Манчестер Јунајтед водат преговори за позајмица на Маркус Рашфорд до крајот на сезоната, но зделката се комплицира поради високата плата на напаѓачот. Според информациите на Times, Милан му ставил услов на Јунајтед дека може да го ангажира Рашфорд само ако клубот покрива половина од неговата неделна плата. Се верува дека неделната плата на Рашфорд во Манчестер јунајтед изнесува 325.000 фунти, што е незамислива сума за Милан. Иако клубот од Сан Сиро е заинтересиран за неговиот трансфер, половината од платата на Рашфорд и понатаму ќе го направи најплатен играч во Милан, бидејќи моментално најголема плата има Алваро Мората со 150.000 фунти неделно. Половина од платата на Рашфорд изнесува нешто повеќе од 160.000 фунти. Така, доколку оваа зделка биде реализирана, Рашфорд ќе стане најплатен фудбалер во Милан, но тоа ќе биде можно само доколку Манчестер Јунајтед ја покрие половината од неговите високи финансиски услови.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.