January 9, 2025 | | Свет
Барселона го надигра Атлетик Билбао со резултат од 2:0 и обезбеди место во финалето на Суперкупот во Џеда. Каталонците сега чекаат да го дознаат својот ривал, кој ќе биде познат по денешниот полуфинален натпревар меѓу Реал Мадрид и Мајорка. По победата, членовите на Барселона беа прашани за одлуката на дисциплинските органи во Шпанија, кои му дадоа шокантно мала казна на Винисиус Жуниор. Иако според правилата требаше да биде суспендиран најмалку четири натпревари за напад на судија и повеќе за нападот над Столе, дисциплинците одлучија дека тоа не било агресија, туку само одговор на провокациите, па Винисиус доби само два натпревари суспензија. Иако казната беше помала, Ињиго Мартинез не го криеше своето незадоволство, истакнувајќи дека во минатото тој за многу помала провокација заработил четири меча суспензија. Тој додаде дека постојат двојни аршини во одредувањето на казните за различни фудбалери. „Не ми изгледа праведно како се одредуваат казните во Шпанија. Пред две или три години за многу помала работа од онаа на Винисиус, јас заработив казна од четири меча. Сега гледаме дека други играчи поминуваат полесно, мислам дека треба да се разговара повеќе за ова“, изјави Мартинез.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |