January 9, 2025 | | Свет
Амад Диало кој сезонава е најдобриот играч на „црвените ѓаволи“ потпиша нов договор со Манчестер Јунајтед, кој ќе го задржи на „Олд Трафорд“ до 2030 година. „Многу сум горд. Има уште многу моменти што треба да ги искусам, но сигурен сум дека големи успеси ме чекаат. Имам големи амбиции и сакам да оставам трага во историјата на Манчестер јунајтед. Од како дојдов овде пред четири години, многу научив. Навивачите, тренерите и сите во тимот ми даваат поддршка секој ден,“ изјави Диало. Сезонава, Диало има шест постигнати голови и седум асистенции. За своите напори, двапати беше прогласен за играч на месецот. Со новиот договор, Диало ќе заработува 120.000 фунти неделно, што е значителен пораст во однос на претходниот договор, според кој добиваше 30.000 фунти неделно.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |