,,Ел Класико’’ во Супер Купот: Реал убедлив против Мајорка (ВИДЕО)

January 9, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

,,Ел Класико’’ во Супер Купот: Реал убедлив против Мајорка (ВИДЕО)

Реал Мадрид доминираше против Мајорка во полуфиналето на Суперкупот на Шпанија што најдобро го покажуваат 29-те удари кон противничкиот гол, додека Мајорка не упати ниту еден удар во рамките од голот. „Кралевите“ продолжија да напаѓаат и по водството, постигнувајќи уште два гола во судиското продолжение. Прво, Валиент си ја погоди сопствената мрежа, а потоа Родриго ги постави конечните 3-0. Во првото полувреме, и покрај шансите на избраниците на Карло Анчелоти, на пауза се замина со почетниот резултат. Конечно, Џуд Белингем го „скрши мразот“ во 63. минута, носејќи предност за својот тим. Екипата на Реал Мадрид славеше минимална победа од 3-0 над Мајорка во полуфиналето од шпанскиот Суперкуп, со што закажа финале против Барселона. Финалето помеѓу Реал и Барселона е закажано за 12 јануари. Доминираа „кралевите“ во текот на целиот натпревар, а победата лесно можеше да биде и поубедлива од три гола разлика.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.