Млад навивач побегнал од училиште за да гледа натпревар, родителите добиле предупредување

January 10, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Млад навивач побегнал од училиште за да гледа натпревар, родителите добиле предупредување

Во Лондон, пред две вечери, Арсенал и Њукасл го одиграа првиот полуфинален натпревар од англискиот Лига Куп, а гостите од Њукасл славеа со 2-0. Но, најголемото внимание не беше на резултатот, туку на момчето по име Семи, кое стана ѕвезда на социјалните мрежи. Камерата го фати како ја прославува победата на Њукасл, а неговата фотографија брзо се рашири на интернет. Како што дознаа медиумите, момчето избегало од училиште за да присуствува на натпреварот. По завршувањето на мечот, родителите на Семи добиле е-меил од училиштето, во кој се објаснуваше дека неговото отсуство е означено како неоправдано. „Почитувани родители, само да ве известам дека отсуството на Семи во вторник, 7 јануари 2025 година сега ќе биде означено како неоправдано. Ова се должи на медиумската снимка на која е прикажан во Лондон на фудбалски натпревар“, пишува во е-поштата која ја испратиле од училиштето. Фановите на социјалните мрежи имаат различни коментари за овој настан, а некои од нив сметаат дека ова ќе остане како незаборавен спомен за Семи од детството. „Тоа беше само едно излегување. Не верувам дека родителите ќе се вознемират“, изјавуваат некои. Како и да е, Семи стана познат и препознатлив на интернет, а неговиот момент на прослава ќе остане запишан во мемориите на многумина.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.