Тони Атанасов е новиот тренер на Брера

January 10, 2025 | Kristijan Trajchov | Македонија

Тони Атанасов е новиот тренер на Брера

Екипата на Брера го објави назначувањето на Тони Атанасов како нов тренер на првиот тим, заменувајќи го досегашниот тренер Горзад Михаилов. Заедно со Атанасов, во стручниот штаб на струмичкиот клуб се приклучува Панче Стојанов, кој ќе ја преземе улогата на помошник тренер. Тимот на Брера го заокружуваат Дарко Коцев како кондиционен тренер и Ѓорги Шопов како тренер на голманите. „Подготовките започнуваме утре, сабота, и до стартот на вториот дел од првенството ќе се фокусираме на физичката кондиција, како и на техничко-тактичкиот аспект. Ќе работиме секојдневно, а предвидени се и неколку контролни натпревари за да го подигнеме нивото на тимот за претстојните првенствени и куп натпревари напролет. Истовремено, клубот е ангажиран во потрага по нови фудбалери кои, заедно со веќе постојниот потенцијал, ќе го носат товарот во остатокот од сезоната,“ изјави Атанасов. По првиот дел од сезоната, Брера се наоѓа на осмата позиција во ПМФЛ со само осум освоени бодови, што беше недоволно Михаилов да го задржи своето место на клупата.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.