January 10, 2025 | | Свет
Италијанските медиуми известуваат за ескалација на тензијата во Јувентус откако агентот на Данило, Бруно Мисорели, предизвика контроверзии со објава на социјалните мрежи. Мисорели реплицираше на пост на Твитер во кој беше наведено дека спортскиот директор Кристијано Џинтоли работи на заминувањето на Данило, пишувајќи: „Да, и подготвува отказ за Мота исто така“, напиша тој. Иако овој негов коментар брзо беше избришан, италијанските медиуми веќе го ископираа и објавија, привлекувајќи големо внимание. Данило, кој е надвор од составот на Јувентус, во моментов е во преговори за раскинување на договорот, по што се очекува како слободен играч да се пресели во Наполи. Интересно е дека Јувентус, иако единствениот тим без пораз во Серија А, има 11 нерешени натпревари и се наоѓа на петтото место со 12 бодови помалку од лидерот Наполи. Доколку клубот реши да му даде отказ на тренерот Тијаго Мота, тоа би се случило без негов пораз во лигата. Тензијата околу оваа ситуација дополнително ја засилува атмосферата во клубот, кој веќе се соочува со предизвици во трката за врвот на табелата.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |