ОФИЦИЈАЛНО: Дејвид Мојс повторно на клупата на Евертон

January 11, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

ОФИЦИЈАЛНО: Дејвид Мојс повторно на клупата на Евертон

Евертон официјално објави дека Дејвид Мојс е новиот тренер на тимот, враќајќи го искусниот стратег на Гудисон Парк, каде што своевремено беше икона. Мојс го водеше Евертон од 2002 до 2013 година, а сега, по цели 12 години, повторно ќе го преземе кормилото на тимот од Ливерпул. „Евертон со задоволство му посакува добредојде на Дејвид Мојс како нов тренер на нашиот клуб“, се наведува во соопштението од клубот. Тренерот исто така изрази огромно задоволство што повторно е дел од Евертон. „Одлично е што сум назад. Уживав 11 прекрасни и успешни години овде и не се двоумев ниту момент кога ми беше понудена можноста да се вратам. Возбуден сум за новиот предизвик,“ изјави Мојс.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.