January 11, 2025 | | Македонија
Извршниот директор на ФК Вардар, Миленко Неделковски, донел одлука со која се забранува влез на официјалните лица од Маркетинг тимот на клубот, што е во спротивност со договорот потпишан помеѓу здружението „35 години Вардарци“ и сопственикот Атила Бижен Жалили, соопштија од навивачката група Комити. Навивачите упатија повик до сите членови да се соберат пред тренинг-кампот во Хиподром, барајќи итно решавање на сите проблеми кои го оптоваруваат клубот. Во соопштението, Маркетинг тимот и навивачите побараа целосно почитување на одлуките кои произлегуваат од договорот меѓу здружението и новиот сопственик, како и од страна на извршниот директор Миленко Неделковски.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |