Кварацхелија побарал трансфер во ПСЖ, ќе заработува пет пати повеќе

January 11, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Кварацхелија побарал трансфер во ПСЖ, ќе заработува пет пати повеќе

Наполи ќе остане без значајна фигура во тимот, откако Антонио Конте потврди дека Квича Кварацхелија побарал трансфер. „Разговарав со Кварацхелија и тој потврди дека сака да замине. Разочаран сум бидејќи шест месеци се обидував да го убедам дека е централна фигура во нашиот проект, но очигледно мојот труд беше залуден“, изјави Конте. Извори наведуваат дека следната дестинација на Кварацхелија ќе биде ПСЖ. Офанзивниот играч веќе ги договорил личните услови и во Париз ќе заработува околу 8 милиони евра по сезона, што е петкратно повеќе од неговата актуелна плата во Наполи. Преговорите помеѓу двата клуба се очекува да се интензивираат во текот на следната недела. Според последните информации, ПСЖ ќе понуди околу 80 милиони евра вклучувајќи бонуси (кои лесно ќе се реализираат), што би можело брзо да резултира со договор меѓу страните.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.