Фановите му скандираа на Трент да остане по прекрасниот гол (ВИДЕО)

January 11, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Фановите му скандираа на Трент да остане по прекрасниот гол (ВИДЕО)

Ливерпул обезбеди убедлива победа од 4:0 против четвртолигашот Акрингтон Стенли во третото коло од англискиот ФА Куп. Во 29-та минута, Диого Жота го отвори резултатот по асистенција од Дарвин Нуњез. Португалецот беше во одлична позиција и лесно ја реализираше шансата. Пред крајот на првото полувреме, Трент Александер-Арнолд го украде шоуто со фантастичен удар од 20 метри, кој го матираше голманот и ја круниса неговата изведба со прекрасен гол. Трент доби огромна поддршка од фановите откако го постигна голот што значи дека тие и тоа како посакуваат тој да остане во клубот.

Во второто полувреме, Акрингтон Стенли се обиде да возврати, а најблиску до голот беа во 57-та минута, кога ударот на Џош Вудс ја погоди пречката. Сепак, „Црвените“ ја продолжија својата доминација. Во 76-та минута, младинецот Џејден Дан, кој штотуку влезе во игра, постигна гол за 3:0. Конечните 4:0 ги постави Федерико Киеза во последните моменти од натпреварот, заокружувајќи ја блескавата изведба на Ливерпул.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.