Милан продолжува да се мачи во Серија А, Калјари дојде до бод (ВИДЕО)

January 11, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Милан продолжува да се мачи во Серија А, Калјари дојде до бод (ВИДЕО)

Иако Милан под водство на Серџо Консеисао го освои Суперкупот и имаше одличен старт, сепак не успеа да го задржи истото ниво во Серија А. На домашен терен против Калјари, „росонерите“ одиграа само 1-1. Алваро Мората го отвори резултатот во 51. минута, носејќи предност за Милан, но таа траеше само четири минути. Во 55. минута, Надир Зортеа постигна израмнувачки гол за Калјари, осигурувајќи им бод на гостите на „Сан Сиро“.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.