January 12, 2025 | | Македонија
Тренерот на Вардар, Гоце Седлоски, на денешниот брифинг со македонските медиуми, организиран од управата на клубот, изјави дека тимот влегува во вториот дел од шампионатот со значително изменет состав. Главната цел останува опстанокот во Првата лига. „Нашата цел е да го вратиме Вардар на врвот каде што му е местото. Сепак, оваа сезона ќе се фокусираме на опстанокот со подмладен тим, кој е значително освежен со нови играчи. На почетокот на пролетниот дел ќе играме против силни противници, но за нас секој натпревар е како финале каде што треба да се докажеме. Понекогаш е подобро да започнеме против посилните ривали. Иако и другите екипи имаат засилувања, ние сме насочени кон нашите задачи и нашата игра“, изјави Седлоски. Тој истакна дека амбицијата на Вардар е и освојување на Купот на Македонија: „Ќе се обидеме да го ‘нападнеме’ трофејот во Купот. Играчите се свесни за предизвиците и максимално подготвени за тоа што не очекува. Во текот на преодниот рок очекуваме уште две-три засилувања“, рече тој. Според плановите, Вардар ќе тренира во Скопје до 18 јануари, по што ќе замине во Анталија, каде што ќе одигра неколку пријателски натпревари. На стартот на втората полусезона, Вардар ќе биде домаќин на Шкендија на 16 февруари.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |