January 13, 2025 | | Свет
Тимот на Анчелоти доживеа нов тежок пораз од Барселона сезонава, овој пат во финалето на Суперкупот со 5:2, што отвори бројни прашања за иднината на тренерот Карло Анчелоти. Според информациите на Relevo, раководството на Реал засега му ја дава довербата на Анчелоти, но неговата позиција останува несигурна ако не успее да ги исполни главните цели на клубот. Во Мадрид очекуваат барем еден трофеј – или од Ла Лига или од Лигата на шампионите. Доколку Анчелоти не успее да освои ниту еден од овие престижни пехари, неговиот мандат може да заврши. Како потенцијален наследник на италијанскиот стратег се споменува Чаби Алонсо, кој е прв фаворит за клупата на „кралевите“. Дополнително, во игра се и имињата на Сантијаго Солари и поранешниот тренер Зинедин Зидан. Ситуацијата е јасна – Анчелоти ќе мора да го води тимот кон успех за да го задржи своето место.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |