Гарначо му рекол “да“ на Наполи, но…

January 15, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Гарначо му рекол “да“ на Наполи, но…

Неколку италијански извори објавуваат дека Алехандро Гарначо дал зелено светло за преселба во Наполи. Спортскиот директор на клубот, Џовани Мана, неодамна одржал состанок со агентот на младиот Аргентинец за да ја разгледа можноста за трансфер. Наполи е во потрага по замена за Квича Кварацхелија, а Гарначо е една од приоритетните опции. Сепак, голем проблем претставува разликата помеѓу понудата на Наполи и побарувачката на Манчестер Јунајтед. Првичната понуда на Наполи изнесуваше 45 милиони евра, а клубот е подготвен да ја зголеми до максимум 50 милиони. Од друга страна, „ѓаволите“ бараат околу 80 милиони евра за својот талентиран играч, што го прави трансферот сè уште неизвесен.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.