Екс клубот на Миовски тргнува по Јани Атанасов

January 15, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Екс клубот на Миовски тргнува по Јани Атанасов

Македонскиот фудбалски репрезентативец, Јани Атанасов, е на чекор до потпис со шкотскиот премиерлигаш Хиберниан, објавуваат медиумите од Шкотска. Шкотскиот клуб планира да го засили средниот ред оваа зима, а како идеално решение за оваа позиција го гледа македонскиот репрезентативец. Во моментов, Атанасов е дел од полската Краковија, со која има договор што истекува на крајот од оваа сезона. Со истекувањето на договорот, тој има право да преговара со други клубови, што отвора можност за уште еден Македонец да заигра во шкотскиот шампионат. Бојан Миовски, кој од Абердин стигна до шпанската Ла Лига (Жирона), е само еден од примерите, додека дел од шкотскиот шампионат се и Давид Бабунски, Трапановски и Здравковски.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.