January 15, 2025 | | Свет
Енис Барди од денес официјално се раздели со Трабзонспор и стана слободен агент, но изгледа дека македонскиот репрезентативец нема долго да остане без клуб. Шпанските медиуми тврдат дека Барди е на добар пат да се врати во Ла Лига, но не во Рајо Валјекано или Еспањол, туку во клубот што го предводи бразилскиот „Феномен“ Роналдо. Иако во прв момент се шпекулираше за негов трансфер во Рајо или Еспањол, искусниот играч за врска е високо котиран на листата на неколку шпански прволигаши, а целата ситуација добива друга насока. AS ексклузивно објави дека македонскиот капитен има преддоговор со Валјадолид, а останува само да се финализираат деталите за слободниот трансфер. Во моментов, Валјадолид е претпоследен на табелата и се бори за опстанок, па во клубот гледаат на Барди како на играч кој може значително да им помогне во борбата за опстанок во Примера.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |