January 16, 2025 | | Свет
Баерн Минхен го совлада Хофенхајм со убедливи 5-0 во натпревар од Бундеслигата, резултат кој остави големо разочарување кај хрватскиот напаѓач Андреј Крамариќ. По мечот, тој даде искрена изјава во микс-зоната, не криејќи го своето незадоволство. „Не сакам ни да зборувам за натпреварот, бидејќи однапред ми беше јасно што ќе се случи. Оваа игра е одраз на целата сезона, која е едно големо ср*ње. Би бил уште покритичен, но ако го кажам тоа што навистина го мислам за клубот, веројатно ќе ја добијам највисоката казна во историјата на Бундеслигата. Постои сериозна причина за мојата лутина кон клубот и за сè што се случи во изминатите месеци. Вложивме толку многу пари, а не постигнавме ништо. Првпат во мојата кариера се чувствувам вака. Ако никој ништо не промени, ќе морам да почнам јавно да зборувам“, изјави Крамариќ. Поразот дополнително ја влоши ситуацијата на Хофенхајм, кој по 17 одиграни натпревари се наоѓа на 16-тата позиција со само 14 бодови, пред него претстои тешка борба за опстанок.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |