Се враќа Солшер: Ќе го превземе турскиот великан!

January 16, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Се враќа Солшер: Ќе го превземе турскиот великан!

Оле Гунар Солшер, познатиот норвешки тренер, се очекува да биде именуван за нов тренер на Бешикташ во наредните денови. Солшер, кој остана без тренерска работа по отказот од Манчестер Јунајтед во 2021 година, наскоро ќе се врати на фудбалските терени. Новиот договор на Норвежанецот со Бешикташ ќе биде со времетраење од година и пол. Солшер ја започна својата тренерска кариера во Норвешка со тимот на Молде. Под негово водство, клубот освои две титули во норвешката лига (2011 и 2012) и еден Куп на Норвешка (2013). Тоа беше првпат Молде да освои шампионски титули во својата историја. Тој го водеше и Кардиф во Премиер лигата во јануари 2014 година, но не успеа да го спаси тимот од испаѓање. Следната сезона во Чемпионшип, тој не ги исполни очекувањата и доби отказ во септември 2014. Солшер беше назначен за привремен тренер на Манчестер Јунајтед во декември 2018, по отказот на Жозе Мурињо. Тој имаше импресивен старт со 14 победи во првите 19 натпревари, вклучувајќи ја и незаборавната победа против ПСЖ во Лигата на шампионите. Во март 2019, Солшер беше именуван за постојан менаџер на Манчестер Јунајтед. Неговата тренерска кариера во Јунајтед:

  • Под негово водство, тимот стигна до финалето на Лига Европа во 2021 година (пораз од Виљареал).
  • Јунајтед заврши втор во Премиер лигата во сезоната 2020/2021, што беше најдобар пласман на клубот по заминувањето на Алекс Фергусон.
  • Иако го стабилизираше тимот и донесе неколку важни засилувања (како Бруно Фернандеш), Солшер се соочи со критики за недостаток на трофеи и тактичка недоследност.
  • Во ноември 2021, беше отпуштен по серија слаби резултати.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.