January 17, 2025 | | Свет
Нејмар деновите направи големо интервју каде зборуваше за различни теми вклучувајќи ја неговата кариера, како во Барселона, така и во ПСЖ. Покрај тоа, тој зборуваше и за периодот кога заедно со Меси и Мбапе го предводеа нападот на тимот од Париз. Од претходно е познато дека Нејмар и Мбапе не беа во добри односи, а сега Нејмар откри што се случувало во периодот и кога Меси пристигна.
„Мбапе не беше досаден, но кога Меси дојде во клубот, мислам дека малку стана љубоморен. Јас со него имав мала кавга. Кога Лео пристигна, тој не сакаше да споделува многу работи со мене. Така почнуваат кавите, со промена во однесувањето“, откри Нејмар.Тој беше запрашан и што тргна на лошо во ПСЖ.
„Одговорот е многу лесен, его его и само его. Да имаш его е добро, но треба да знаеш дека не играш сам. Во денешно време, ако сите не помагаат, невозможно е да освоиш нешто“, рече тој.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |