Нова опција за Елмас: Шпанскиот клуб го сака на позајмица

January 17, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Нова опција за Елмас: Шпанскиот клуб го сака на позајмица

Лајцпиг одбива да го испрати Елиф Елмас на позајмица или перманентно да го продаде бидејќи немало конкретни понуди за него. За Елмас интерес покажуваа тимови како Лацио, Наполи, Фенербахче и Галатасарај. Сега новинарот Флоријан Плетенберг повикувајќи се на информациите на The Athletic пренесува дека шпанскиот гигант Валенсија е заинтересиран да го позајми Елмас на шест месеци. Но, за тоа да се случи, треба да има позитивен одговор и од играчот и од клубот, па останува да се види дали ќе дојде до конечен договор. Во Лајпциг пристигна од Наполи за сума од 24 милиони евра.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.