Официјално: Оле Гунар Солскјер е нов тренер на Бешикташ

January 17, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Официјално: Оле Гунар Солскјер е нов тренер на Бешикташ

Турскиот гигант Бешикташ доби нов предводник на клупата, назначувајќи го познатиот Оле Гунар Солскјер како главен тренер. Раководството на клубот соопшти на социјалните мрежи дека започнало преговори со поранешниот тренер на Манчестер јунајтед, а само неколку часа подоцна беше објавена официјалната соработка. Иако Бешикташ не обелодени детали за должината на договорот, светските медиуми пренесуваат дека Солскјер се обврзал на соработка до јули 2026 година. Норвежанецот, кој претходно ги водеше Манчестер јунајтед, Кардиф и Молде, сега го презема тимот што моментално се наоѓа на шестата позиција во турската Суперлига со 30 бодови. Сезоната досега носи мешани резултати за Бешикташ, со осум победи, шест ремија и четири порази – бројки што не се во согласност со амбициите на клубот, кој зад себе има 16 национални титули.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.