Глувците на „Олд Трафорд“ почнаа да се шетат и по теренот среде натпревар (ВИДЕО)

January 17, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Глувците на „Олд Трафорд“ почнаа да се шетат и по теренот среде натпревар (ВИДЕО)

Манчестер Јунајтед синоќа го совлада Саутемптон со 3-1 на „Олд Трафорд“, но вниманието на социјалните мрежи го привлече необична сцена од натпреварот – глувци како се движат по теренот. Овој проблем со глувци е присутен веќе подолго време на легендарниот стадион, а и покрај напорите на клубот, ситуацијата сè уште не е целосно решена. Новото раководство, предводено од ко-сопственикот Сер Џим Ретклиф, најави потенцијална изградба на нов стадион, но повеќе детали за оваа иницијатива засега не се откриваат. Дилемата во рамките на клубот е дали да се гради нов стадион или пак да се реновира постоечкиот.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.