Симеоне за скандалите на Реал: Што се чудите, тоа го прават 100 години

January 17, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Симеоне за скандалите на Реал: Што се чудите, тоа го прават 100 години

Синоќешниот натпревар помеѓу Реал Мадрид и Селта Виго повторно ги стави судиските одлуки во центарот на вниманието во Шпанија. Реал Мадрид се избори за четвртфинале на Купот на Кралот со победа од 5:2, но дури по продолженијата, иако натпреварот беше далеку потежок отколку што се очекуваше. Кралевите водеа со 2:0, но Селта Виго успеа да израмни на 2:2 во завршницата и да обезбеди дополнителни 30 минути игра. Во екстра-времето, Реал успеа да постигне три гола и да ја обезбеди победата. Сепак, натпреварот предизвика бурни реакции поради контроверзните судиски одлуки.

Гостите од Виго тврдат дека биле оштетени, со аргументи дека им биле ускратени два очигледни пенали, а судијата покажал пристрасност кон домаќините. На социјалните мрежи многумина го изразија своето незадоволство од ваквото судење. Денес, на прес-конференција на Атлетико Мадрид, и Диего Симеоне се осврна на натпреварот, иако призна дека не го гледал.
„Ми кажаа какви работи се случувале, но тоа тие го прават веќе 100 години. Не знам навистина зошто сте изненадени“, изјави Симеоне, алудирајќи на наводната поддршка што Реал ја добива со години.
Овие коментари предизвикаа негодување кај навивачите на Реал Мадрид, кои на социјалните мрежи остро го критикуваа Симеоне.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.