Чуден проблем ја закочи позајмицата на Коло Муани во Јувентус

January 18, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Чуден проблем ја закочи позајмицата на Коло Муани во Јувентус

Претставниците на Јувентус се разочарани од постапките на своите колеги од ПСЖ, откако трансферот на Рандал Коло Муани бил блокиран во последен момент поради прекршување на квотата за позајмени фудбалери од страна на „светците“. Францускиот напаѓач пристигна во Торино, успешно ги помина лекарските прегледи и потпиша договор, а Јувентус се надеваше дека ќе го има на располагање за дербито против Милан. Меѓутоа, „старата дама“ дознала дека трансферот не може да се заврши бидејќи ПСЖ веќе ја искористил дозволената квота за позајмици. Јувентус ги обвини колегите од Париз за несериозно и аматерско однесување, бидејќи не биле навремено информирани за оваа ситуација. За да се финализира трансферот на Коло Муани, ПСЖ сега ќе мора да прекине една од постоечките позајмици или да продаде еден од фудбалерите кои се на заем. Наводно „светците“ ќе ја прекинат позајмицата на Шер Ндур во Бешикташ, со што ќе се отвори простор за завршување на договорот со Јувентус. Рандал Коло Муани, францускиот напаѓач кој се прослави со своите настапи за Ајнтрахт Франкфурт, го комплетираше својот трансфер во ПСЖ во текот на летниот трансфер период во 2023 година. Овој трансфер привлече големо внимание, бидејќи ПСЖ плати значителна сума за да го доведе напаѓачот, која според извештаите изнесуваше околу 90 милиони евра, вклучувајќи бонуси. Трансферот беше финализиран буквално во последните часови од преодниот рок, откако клубот успеа да ги усогласи сите детали со Ајнтрахт. Коло Муани беше дел од амбициозниот план на ПСЖ за реконструкција на тимот по заминувањата на играчи како Лионел Меси и Нејмар. Трансферот беше мотивиран и од личната желба на играчот, кој е роден во Париз и отсекогаш сонувал да игра за ПСЖ.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.