January 18, 2025 | | Свет
Интер минатата сезона се истакна како најдобра италијанска екипа, а целта оваа година е да остане на врвот на Серија А, земајќи го во предвид фактот дека имаат најдобар тим во Италија. „Нероаѕурите“ моментално се на второто место со 44 бода, три помалку од лидерот Наполи, кој има одиграно еден натпревар повеќе. Сепак, тимот на Симоне Инзаги покажа слабости во последниот период – ја загуби Суперкупот на Италија, ремизираше со Болоња (2-2) и едвај ја совлада Венеција со минимален резултат. Фабио Капело, еден од најреномираните италијански тренери, изјави дека Интер сè уште е главен фаворит за Скудетото, но потенцираше дека тимот мора да направи одредени промени.
„Интер и понатаму е најдобриот тим во лигата, иако почетокот на 2025 година не беше убедлив. Она што им недостасува е желбата да ја освојат топката високо на теренот. Порано доминираа и вршеа притисок на противниците, но сега се ориентирани кон дефанзива и контранапади“, рече Капело.Тој истакна и двајца клучни играчи во нивните редови.
„Чалханоглу е лидерот кој го движи тимот со неговата способност да го забрза темпото. Димарко, пак, е од суштинско значење поради неговите прецизни додавања во последните 30 метри“, додаде Капело.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |