January 18, 2025 | | Свет
Ливерпул се изнамачи на гостувањето кај Брентфорд, но во последните минути успеа да постигне два гола и да дојде до многу важен триумф на едно од најтешките гостувања сезонава во Премиер лигата. На самиот крај од регуларното време, мечот изгледаше како да ќе заврши без погодоци, но Дарвин Нуњез имаше други планови. Со два брзи гола во судиското надополнување, едниот во 91. минута, а другиот во 93. минута, ги остави домашните навивачи разочарани, додека неговиот тим заработи важни три бода. „Црвените“ доминираа во текот на целиот натпревар, упатувајќи дури 36 удари кон противничкиот гол, од кои осум беа во рамките на мрежата. Нивниот труд конечно беше награден во завршните минути. Тимот на Арне Слот успеа со големи напори да ја задржи својата предност од седум бода пред Арсенал, и покрај предизвиците. Во истиот термин, Лестер Сити дома загуби од Фулам со 0-2, додека Вест Хем го претрпе истиот пораз против Кристал Палас.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |