Заврши серијата од 15 победи за Атлетико: Поразени кај Леганес (ВИДЕО)

January 18, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Заврши серијата од 15 победи за Атлетико: Поразени кај Леганес (ВИДЕО)

Атлетико Мадрид го претрпе првиот пораз во 15 натпревари во Ла Лига, откако загуби на гостувањето кај Леганес со 1-0. Единствениот гол на средбата го постигна Матија Настасиќ во 50. минута, по што Атлетико создаде неколку шанси за израмнување. Најголемата можност за спас на бодовите ја имаше Антоан Гризман, но тој не успеа да реализира пенал во 90. минута од мечот. И покрај поразот, Атлетико останува лидер на табелата со 44 бодови, еден повеќе од Реал Мадрид и два повеќе од Барселона.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.