Јунајтед конечно му најде клуб на Антони

January 19, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Јунајтед конечно му најде клуб на Антони

Манчестер Јунајтед конечно успеа да најде клуб за нивното второ најскапо засилување во историја Антони кого го платија 95 милиони евра. Бразилецот е на чекор од заминување на позајмица во шпанскиот Бетис. Оваа информација ја потврди Фабрицио Романо, истакнувајќи дека преговорите меѓу двата клуба се во завршна фаза. Се очекува Антони да се пресели на југот на Шпанија до крајот на сезоната, со договор кој не вклучува обврска за Бетис да го откупи. Јунајтед, пак, е подготвен да покрие дел од неговата плата додека трае позајмицата, што го олеснува преминот. Бразилецот е позитивен во однос на оваа идеја, бидејќи не е дел од плановите на актуелниот менаџер на Јунајтед, Рубен Аморим, како што не беше значаен ни под водство на Ерик тен Хаг поради своите очајни претстави. Оваа сезона, Антони одигра 13 натпревари, од кои само седум беа во Премиер лигата, и најчесто влегуваше од клупа. Неговиот единствен гол беше постигнат во Лига купот, што е разочарувачко учинок за играч кој пристигна за 95 милиони евра. Доколку трансферот се реализира, Антони ќе има шанса да ја оживее својата кариера во Бетис, клуб кој му нуди нова средина за да го покаже својот потенцијал.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.