Нејмар одлучи да се врати во Сантос!

January 19, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Нејмар одлучи да се врати во Сантос!

Нејмар Жуниор своевремено важеше за еден од најголемите тинејџери. Периодот кој тој го помина во Сантос го најави неговото доаѓање во Европа и своевремено трансферот во Барселона. Но, гледајќи ја неговата кариера проследена со низа на повреди и контроверзии надвор од теренот, факт е дека Нејмар можеше да постигне многу поголеми успеси во својата кариера. Фабрицио Романо сега ексклузивно пренесува дека Нејмар е на чекор од враќање во Сантос на позајмица од редовите на неговиот сегашен клуб Ал Хилал. Сантос чека на зелено светло од саудискиот клуб, а се очекува брза реализација на оваа операција. Во трката е и МЛС клубот Чикаго, но сепак во голема предност е некогашниот клуб на Бразилецот.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.