Бруно: Не сум тука за да губам натпревари

January 20, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Бруно: Не сум тука за да губам натпревари

Манчестер Јунајтед го доживеа својот најлош старт во последните 131 година, губејќи од Брајтон со 1-3 на „Олд Трафорд“. Ова претставува најслаб ефект на домашен терен за „црвените ѓаволи“ уште од времето кога клубот беше познат како Њутон Хит. Поразите се натрупуваат, но капитенот Бруно Фернандеш јасно стави до знаење дека ваквата ситуација не е прифатлива.

„Ова не може да биде нашата нова нормала. Го разбирам ставот на јавноста, но ние, како тим, не смееме да се помириме со овие резултати. Не сум тука за да губам натпревари или за да бидеме на оваа позиција. Секој играч мора да го разбере тоа. Ако има некој што мисли поинаку, тогаш тој не заслужува да биде дел од Манчестер Јунајтед,“ изјави капитенот со остар тон.
Со шест порази на домашен терен во Премиер лигата оваа сезона, Манчестер Јунајтед ја има една од најлошите во својата историја.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.