Сити го потпиша второто засилување, пристигна талентираниот Бразилец

January 21, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Сити го потпиша второто засилување, пристигна талентираниот Бразилец

Манчестер Сити го комплетираше трансферот на стоперот Витор Реис од бразилски Палмеирас. Стоперот потпиша договор на четири ипол години, поточно до 2029 година за сума од 35 милиони евра. „Возбуден сум што ќе му се придружам на Манчестер Сити, еден од најголемите клубови во светот“, рече Реис. Тој додаде дека работењето со Гвардиола е нешто што секој млад играч сака да го искуси и е сигурен дека токму Пеп ќе му помогне да се развие. Сити вчера го потврди и трансферот на Кушанов, а постигнат е и вербален договор со Франкфурт за Омар Мармуш.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.