January 22, 2025 | | Свет
Драматичниот натпревар меѓу Бенфика и Барселона ќе остане запаметен како вистински спектакл со девет гола и драматичен крај. Барса успеа да се врати од негатива од 3-1 и 4-2 и да слави со 4-5 на теренот на португалскиот гигант. Клучниот момент беше голот на Рафиња длабоко во судиското надополнување, кој им донесе три бода на Каталонците. Сепак, натпреварот не заврши со последниот свиреж, бидејќи „третото полувреме“ се одигра надвор од теренот. По завршувањето на мечот, медиумите од Португалија и Шпанија пренесоа дека атмосферата ескалирала. Фудбалерите на Бенфика се нафрлиле врз Рафиња, обвинувајќи го за провокации. Во настанатите сцени полни со тензија се вмешале речиси сите фудбалери на двете екипи, при што играчите на Барса застанале во одбрана на својот соиграч. Интервенирала и полицијата за да спречи натамошни инциденти. Доколку официјалните лица ги запишале имињата на вмешаните, не е исклучено тие да се соочат со санкции.
„Фудбалерите на Бенфика ме навредуваа по завршувањето на натпреварот, а јас само им возвратив. Ако покажаа респект, и јас ќе ги почитував“, изјави Рафиња за шпанските медиуми, објаснувајќи ја својата страна на приказната.Интересно е што Рафиња има историја во португалскиот фудбал, каде го носеше дресот на градскиот ривал на Бенфика, Спортинг Лисабон, што веројатно дополнително ги зголеми тензиите.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |